Македонија Спорт Ударни вести

Вероника Костовска и Горан Пандев прогласени за најдобри спортисти за 2020 година

Сподели:

 

Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги прогласи најуспешните македонски спортисти за 2020 година.

 

 

Добитници на наградите по категории се:

Најдобра млада спортистка: Магдалена Божиновска (карате)

Најдобар млад спортист: Роберто Ацковски (карате)

Најуспешен спортист за лица со инвалидитет: Владимир Тркаљанов (шах)

Најуспешен национален тим: Македонската фудбалска репрезентација

Најуспешен тренер/селектор: Игор Ангеловски (селектор на македонската фудбалска репрезентација)

Најуспешна федерација: Фудбалската федерација на Македонија

Најдобра спортистка: Вероника Костовска (карате)

Најдобар спортист: Горан Пандев (фудбал).

Во отсуство на Горан Пандев, наградата за најдобар спортист, премиерот Зоран Заев, ја врачи на братот на капитенот на репрезентацијата, Сашко Пандев.

Сподели: