Да не се злоупотребува на Црвениот крст за дезинформации

Сподели

Деновиве на социјалните мрежи има објави на профил “Boring Generous”, дека во нашата држава е пристигната помош за Црвениот крст наменета за лица со дијабетес кој го лекува дијабетесот за неколку дена. Сакаме да ја информираме пошироката јавност дека се работи за дезинформации и невистини кои немаат никаква допирна точка со Црвениот крст, изјавуваат оттаму.

Црвениот Крст на РС Македонија искрено ве замолува да не се користи името на Црвениот крст на РСМ за приватни цели и ширење дезинформации.

“Сакаме да потсетиме дека употребата на амблемот и името на Црвениот крст се строго заштитени и уредени со Женевските конвенции и Дополнителни протоколи и Законот за Црвен крст на РСМ и секоја злоупотреба на амблемот и името на Црвениот крст и повреда на овие одредби подразбира соодветни законски мерки кон прекршителите.”

Црвен крст на Република Северна Македонија