Да престане срамниот политички притисок на Груби кон Беса Адеми преку неговите портали

Сподели

 

“Денес ќе ви презентираме докази со кои уште еднаш ќе потврдиме дека јазборуваме вистината. Од порталите Индекс.мк и Деск.мк деновиве се води срамна негативна кампања кон претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, која пред се и над се е една почитувана жена”, се наведува во денешното соопштение на Демократско Движење.

“Зошто? Затоа што таа не сака да предложи и усвои начелно мислење со кое Врховниот Суд ќе ги оживее аболициите на поранешниот претседател ЃорѓеИванов.

 

 

Што е целта? ДУИ да го врати Никола Груевски од Будимпешта по секоја цена. Не заради ЕУ туку заради теснопартиски интереси. Одат контра на нашите меѓународни стратешки партнери САД и ЕУ.

Суспендирањето на правната држава е меѓу главните забелешки на најлошиот досега Извештај за напредокот на Северна Македонија во ЕУ. ДУИ и СДСМ кои се претставуваат како Европскиот фронт, всушност се главните кочничари на европската перспектива на нашата земја.

Еве ги доказите:

Интернет порталите Индекс.мк и Деск.мк се сопственост на актуелниот директор на Државна лотарија и десна рака на Артан Груби, жртвеното јагне Прпарим Бајрами, чије име во последно време се поврзува со многу криминални афери.

Јавно прашуваме, дали канцелариите на гореспоменатите портали се во објектот на Министерството на Артан Груби?

Има ли посилен доказ од ова дека причина за најлошиот Извештај на ЕУ за Северна Македонија е ДУИ.

Со своите подземни дејствија буквално го рушат правосудниот систем и правната држава. 

Да ти е полна устата со ЕУ, а да шуруваш со Груевски, е тешка манипулација и потценување на интелегенцијата на Албанците. Затоа, следи жестока казна на изборите. Одговорност ќе има. Никој не може да биде посилен од владеењето на правото, еднаквоста пред законите и правната сигурност. 

Демократско Движење, соопштение