Дали Мицкоски ги рекетира пензиските друштва? Обвинителството веднаш да го повика на разговор

Сподели:

По интервјуто на Христијан Мицкоски на Телма Телевизија должи одговори на што го темели тврдењето дека приватните пензиски друштва остваруваат профит од приносите што им припаѓаат на осигурениците? Каде, според него, завршуваат тие пари? И ако има докази, кога ги пријавил?

Пензиските друштва остваруваат приходи од законски утврдени надоместоци за управување со фондовите. Приносите од вложувањата на фондовите им припаѓаат на осигурениците. Со тврдењето дека друштвата си делат профит на сметка на тие приноси, Мицкоски изнесе сериозно обвинување за начинот на кој се управува со пензиските заштеди на граѓаните.

Ако Мицкоски има сознанија за злоупотреба на парите на осигурениците, зошто досега молчел? – прашуваат од СДСМ.

Дали ги користи тие сознанија за да врши притисок врз пензиските друштва? Дали тоа е причината поради која и друштвата молчат?

Оваа изјава на Мицкоски е уште еден тест за јавниот обвинител. По оваа скандалозна изјава на Мицкоски од телевизиското студио, обвинителот требаше да го повика на разговор и да побара да ги достави доказите за своите тврдења, бараат од СДСМ.

Сподели: