По повод 16 – те дена активизам против насилство врз жените, Хуманитарното здружение “Мајка” со финансиска поддршка од Општина Куманово, изработи видео кое ја истакнува важноста на информирањето, препознавањето на насилство и достапноста на услугите за поддршка и заштита.
Насилството не треба да се премолчува. Без разлика на околностите, секоја жена има право на сигурност, достоинство и живот без насилство.
Доколку се соочувате со семејно или родово базирано насилство, важно е да знаете дека не сте сами и дека постои помош.
Советувалиште за жени – жртви на семејно и родовобазирано насилство „Комфор зона за жени“ нуди бесплатна психолошка, социјална и правна поддршка. Тука можете да бидете сослушани, да ги споделите своите грижи и да добиете информации и поддршка за понатамошните чекори.
Не сте сами. Вашиот глас е важен.


