Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?

Сподели

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска која во јавноста вели дека не го признава новото уставно име не одговора како ја поднела кандидатурата до Државната изборна комисија.

Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?

Дали уште пред да почне кампањата, кандидатката на Мицкоски ја излажа јавноста за едно од нејзините клучните ветувања?

Јавноста чека одговори. Граѓаните ќе го ценат лажниот патриотизам и лицемерното однесување на Силјановска.

Затоа, на претстојните избори, граѓаните ќе одберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе го изберат Стево, претседател на сите граѓани кој заедно со прогресивните сили ќе ја води државата кон развој напредок и интерграција во ЕУ и НАТО – стои во соопштението на СДСМ.