ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

фото Соња А.Д.
Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во југоисточните делови повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од -2 до 5, а дневната од 13 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Од денеска попладне следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Од среда дневните температури ќе се намалат од 5 до 7 степени.