Дамјан Димовски од “Јосип Броз Тито” Скопје победник на натпреварот за Adobe Certified Professional

Сподели

 

Денеска се одржаа финалните натпревари за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional, каде Градот Скопје е партнер во организирањето и спроведувањето на овој многу значаен настан од областа на унапредувањето на дигиталните вештини. 
 
Победници на натпреварувањето се Дамјан Димовски од СУГС „Јосип Броз Тито“ Скопје кој победи во натпреварувањето за Adobe Certified Professional, и Леонид Петковски од Куманово кој победи во натпреварувањето за Microsoft Office Specialist.
 
 
 
 
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска им честита на победниците и сите учесници на ова натпреварување, притоа додавајќи дека надградбата во догиталните вештини е од големо значење за нивниот иден професионален развој. 
– Голема мотивација е кога гледаме позитивни примери меѓу младите кои слободното време го користат да се надградат себеси, да вложуваат во себе, во своето образование, но и во тоа да се прилагодат на новите дигитални трендови – истакна градоначалничката Арсовска.
 
На денешното натпреварување беше извршено тестирање во знаењето на ученици години кои ги одмеруваа своите знаења во Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и PowerPoint односно Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign.
Во рамки на партнерството со Certiadria во организирање на овој натпревар, Град Скопје поддржа повеќе од 3.000 ученици од средните училишта, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјален Microsoft Office и АСА испит.
Најдобрите годинава ќе ја претставуваат Македонија на светскиот натпревар во Орландо, Флорида, САД, што ќе се одржи во Август 2023 година. И оваа година настанот е поддржан од Градот Скопје и Стопанска Банка АД Скопје, а истиот е во организација на Цертиадриа и Семос Едукација.