ФБ СТАТУС: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Сподели

branko trickovski

Кој како ќе си ја нареди!

“Кој како ќе си ја нареди!”
Ова е важна комуникациска фраза која во тоа својство е испразнета од секакво друго значење.
Но, таа сентенца не е само тоа. Таа е, безмалку, филозофскиот, општествениот и менталниот свет на просечниот Македонец сведен на една реплика!
Што ни соопштува таа реченица!?
Пасивност, прифаќање на животот таков каков што е, спремност да се прифаќаат социјалните остварувања независно од моралните и правни стандарди што во остварувањето на тие статуси ќе се погазат. Кои, мораат да бидат поразени, дури е добро да се случи така, тоа на статусите им дава посебна боја, бојата на расипаноста како посебно одликување, таа реченица ни говори за подземната држава и подземното општество кај што се наредуваат работите, а тој, паралелен свет на инцестот и на другите морални дисторзии, е многу посупериорен од надземниот свет на формата и лицемерието!

Фб статус, Бранко Тричковски