Даниел Димевски е новиот претседател на Македонскиот олимписки комитет

Сподели

 

Даниел Димевски е избран за нов претседател на Македонскиот олимписки комитет. Ова е одлучено на вечерашното Изборно собрание. Тој на челното место на МОК доаѓа како наследник на Васил Тупурковски кој по 28 години заминува од претседателското место.

Делегатите го избраа Тупурковски за почесен претседател на МОК, додека поранешниот македонски репрезентативец е избран за нов член.