ДД: Власта продолжува да ги толерира извршителите кои безмилосно ги пљачкаат граѓаните

Сподели

 

Насобраните долгови и казнените камати ги постави извршителите во позиција едноставно да ги пљачкаат граѓаните, правејќи ги вечни должници, реагираат од Демократско движење.
 
Блокирањето на трансакциските сметки стана вистинска ноќна мора за многу граѓани, но и за многу фирми, кои не можејќи да си ги вратат долговите едноставно одат во стечај. Парламентарното мнозинство пред извесно време изгласа некои измени во Законот за извршување и во Законот за облигационите односи, но дел од познавачите на оваа област велат дека овие измени имаат многу нејаснотии.
 
Во оваа насока, потребно е државата да расчисти некои прашања и да не дозволи проблемите да останат во мирување. Сè додека нема автентично толкување на законот од страна на Собранието, ќе продолжи старата состојба, а угнетувањето врз граѓаните и правните субјекти ќе биде уште поболно. 
 
Демократското движење го повикува и Министерот за Правда, во чии ингеренции се одвива активноста на извршители, да најде подобро решение, бидејќи бројката од над 120.000 блокирани жиро сметки е колку е алармантна, толку и трагична.