Алтернатива Скопје Чита

Déјà vu – БОГОМИЛ ЃУЗЕЛ

Сподели:

mkd-123290

Читам книга и
го вртам назад филмот в глава.
Нешто познато?
Правам движење
што ме потсеќа на нешто.

Сум заборавил
или ми го уништиле?
Кој? Самиот или другите?
Противничката култура?
Природна непогода?

Едно знам: јас сум бил, јас сум
Никој и ништо не ми го оспорува тоа.
Но, што повеќе знам, тоа помалку верувам.
А веќе слушам како ми велат:

Помалку знај, па веруј!
Веруј во невиденото
во невидливото –
па макар и да е
веќе видено.

Сподели: