ДЕЛО ОД КРСТЕВСКИ НА ИЗЛОЖБА ВО КАИРО И КРАКОВ

Сподели:

По повод отворањето на Големиот Египетски Музеј во чест на најстарата цивилизација, кој е отворен пред неполн месец пред пирамидите на Гиза во Египет, паралелно е организирана и тематска изложба на современа уметничка карикатура од меѓународен карактер, каде учествуваат 150 уметници од 35 земји.

Со свое дело “Принцеза”, работена со кинески лавиран туш, учествува и македонскиот уметник Златко Крстевски. По изложбата делата се изложени и претставени на публиката на изложбено пано во египетското метро.

Куратор на поставката е професор Фавзи Морси од Египет, кој истакнува:

“Презентираните дела прикажуваат префинета уметничка визија, спојувајќи го паметниот хумор со човечките емоции, одразувајќи восхит за глобалниот настан, а воедно пренесувајќи порака за љубов кон египетското наследство и мир во светот.”

Изложбата е во соработка со друштвото на египетските карикатуристи и реномираниот портал за Современа уметничка карикатура “Египтон”.

Паралелно Крстевски со дело слика диптих, инспирирана од средновековната прилепска икона учествува на тематска меѓународна изложба на поштенска уметност во чест на годишнината на Кафка во Краков, Полска, која е во организација на Академијата за убава уметност Јан Матејко, Краков. Поставката е курирана од професор д-р Јоланта Кушмиерска и Збигњев Бајек.

-Овојпат инспирацијата беше една раритетна средновековна икона од локалниот музеј, каде светецот – воин е претставен со кучешка глава со копје. Сигурно ова е редок пример на иконографија каде светецот бил Супер-херој во средновековието. Според истражувањата со Центарот за визуелни уметности “Визант”, ова е редок пример во религиозната уметност, според кунцисторичари истиот симболизира Суперхерој, станува збор за Светец воин кој бил ангажиран како ВИП обезбедување на Големиот Исус. Во средновековието многумина прилепчани го чувале пред вратата како ретка икона заштитничка. Света Икона – чувар од лоши пороци.

Пред десетина години истата беше дел од интернационаланата изложба во која Крстевски ја претставуваше Македонија во Манга Музејот во Саитама Сити во Јапонија, вели Крстевски ученсик на бројни изложби, симпозиуми и фестивали.

Сподели: