Ден на жалост на Косово

Сподели

 

Денеска е ден на жалост на Косово и ќе им се оддаде почит на косовските граѓани кои вчера загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Десет лица загинаа, а 44 се повредени во несреќен случај кај Славонски Брод кога автобус слета надвор од патот.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ќе ја прекине посетата на Јапонија, каде што престојува по повод Олимписките игри и денеска ќе се врати во земјата.