Денеска во повеќе градови протести против поскапувањето на струјата

Сподели

 

Денеска во Скопје, со почеток од 18 часот ќе се одржи уште еден протест против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за 7.4%. Како што наведуваат организаторите, собирот е во паркот Чаир и ќе се маршира до Влада.

Покрај протестот во Скопје, ќе бидат организирани протести и во неколку други македонски градови.

Првиот човек на РКЕ, Бислимовски изјави дека Регулаторната комисија за енергетика нема моќ да ја повлече одлуката за поскапувањето на струјата ако на тоа не се сложат енергетските компании.