“Денови на македонска култура” во Корча за паметење

Сподели

 

Амбасадата на Република Северна Македонија и македонскиот Културно информативен центар во Тирана, организираа “Денови на македонска култура”. На 27, 28 и 29 октомври во градот Корча, Република Албанија се случи настан за паметење.
 
 
 
 
 
Најпрво, 27 октомври на универзитетот Фан Ноли имаше часови по македонски јазик. Интенцијата е овој настан да се заокружи со отворање на лекторат по македонски јазик во градот Корча.
 
 
 
 
 
 
Истиот ден во градската библиотека во Корча, градоначалникот Sotiraq Filo и неговите соработници, заедно со нашиот амбасадор господин Данчо Марковски и дректорот на Киц Тирана господинот Златко Ориѓански, отворија изложба на Зоран Кардула, на која настапи блуз бендот “In the mood”.
 
 
 
 
Следниот ден, музејот на град Битола, отвори изложба во “Куќата на знамето”, наречена “Невестински соништа”.
 
 
 
 
На 29 октомври настапи хорот “Менада” од Тетово во корчанскиот театар. Нивниот фантастичен настап беше проследен со огромни аплаузи. Веднаш после нивниот конверт, беше прикажан филмот “Медена земја”.
 
 
 
 
 
Овие три дена во Корча, имаат историски значење за двете пријателски земји. Банерот кој беше поставен на корчанскиот театар, беше отпечатен на албански и македонски јазик.
 
 
 
 
 
На 30 ти октомври, хорот “Менада” настапи во с. Пустец. Република Албанија, при што на тамошното население, нашето Министерство за култура, подари книги и библија за деца, напишани на македонски јазик.
 
Ова е мал чекор за премостување на големите и длабоки балкански океани, меѓутоа вистински начин за приближување на нашите пријателски и меѓусебно поврзани народи.
 
 
 
 
Амбасадата на Република Северна Македонија и македонскиот Културно информативен центар во Тирана, изразуваат голема благодарност кон општина Корча, нејзиниот градоначаник и граѓаните на Корча за нивната несебична подршка во реализацијата на овој наш настан во пријателска
Република Албанија.​