Промоција на видеозаписот, на новата песна на Горан Тонев – „Не можеш без мене“

Сподели

 

Во петок 17 декември, во MADISON Garden (до Театар Комедија), со почеток од 20 часот, во присуство на голем број пријатели, музички соработници и претставници на медиумите, ќе се случи промоцијата на видеозаписот, на новата песна на Горан ТоневНе можеш без мене“. Водител на промоцијата ќе биде познатото ТВ-лице Ведрана Ѓорѓевиќ.

 

 

Автор на музиката и аранжманот е Димитар Андоновски а зад текстот на песната се потпиша Роберт Ристов.

На спотот работеше тимот на ARTISTIC Production заедно со актерот и режисер: Роберт Ристов. 

 

 

Спотот се снимаше две ноќи на локации во Скопје и Кавадарци. Како главен лик во спотот, освен Горан Тонев, се појавува и младата и атрактивна актерка Изабела Јакимова.

Тонев дебитираше на Макфест 2020 со песната „Mојa и твој“ на  Робертo Поп Димитров.

 

 

Во моментов е актуелен натпреварувач во Ѕвездите на Гранд во тимот на Цеца и Ивана Петерс.

Ние го препознавме музичкиот талент на Горан Тонев,  кој има потентенцијал да стане идна музичка ѕвезда, но без светлината од медиумите и подршката од публиката, ѕвездите не можат да сјаат.  Токму затоа, како главни чинители во стварањето на една музичка кариера,  Ве поканиме да присуствувате на овој настан и заеднички помогнеме во  промоцијата на спотот и воопшто музиката на Горан  Тонев.

 

 

***ГОРАН ТОНЕВ од 6 години свири гитара – под менторство на својот татко музичар. Го школува својот талент во нижото и средното музичко училиште (класична гитара) во Штип, а од учествата на повеќе државни и меѓународни натпревари освојува награди. Со музика (и гитарата) продолжува и на Музичката Академија, тој е студент на 3та година во класата на Мр. Дејан Лазаревски. Својот прв бенд го формира уште во основно училиште на свои 13 години и до денес редовно настапува. Учествуваше на гитаријада, рок хепенинг и на други манифестации. Минатата година имаше забележителен настап на Макфест, а југословенската публика има можност да го гледа на музичките натпревари на Звездите на Гранд.