“ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА” 2021

Сподели

 

„ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА” 2021
ГАЛА КОНЦЕРТ НА СОЛИСТИТЕ И ОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ 14.10.2021г. – 20.00 ч.
 
Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Дејан Прошев
Концерт-мајстор: Верица Ламбевска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева и Андреја Наунов
Модератор: Татјана Грковска
 
Солисти: Катерина Стојановска-сопран, Александра Лазаревска-Василев-сопран, Наде Талевска –сопран, Јане Дунимаглоски-тенор, Владимир Саздовски-бас, Армандо Ликај-баритон (Албанија), Невен Силјановски-баритон, Горан Начевски-баритон, Васко Здравков-баритон.
 
На гала концертот на солистите и оркестарот на Националната опера и балет ќе бидат изведени фрагменти од оперското творештво на македонските композитори.
Публиката ќе има можност за прв пат, по последните изведби во 1955г., да проследи увертира од првата македонска опера „Гоце“ од композиторот Кирил Македонски (1925-1984). На програмата се арии од најмаркантните творци на оперски дела, градитители на македонската музичка историја: Трајко Прокопиев (1909-1979) со арии од операта „Разделба“ која одбележува 50 години од создавањето, Кирил Македонски со монолог од операта „Цар Самуил“, Тома Прошев (1931-1996) композиторот кому му го одбележуваме јубилејот од 90год. од раѓање со арија од операта „Пајажина“, Академик Ристо Аврамовски (1943-2007) со монолози од операта „Болен Дојчин“, потоа композиторите кој сеуште делуваат и создаваат дела што ќе го збогатат музичкото наследство на Р Македонија: Стојан Стојков (1941) композиторот кому му го одбележуваме јубилејот од 80 год. од раѓање со арија и дует од операта „Змејовата невеста“, и помладите: Горан Начевски (1978) со арии од операта „Помеѓу соништа илетови“,Фатос Лумани (1983) Аријана Хасан ага и Сема/инструментален фрагмент од операта „Скендер бег“.
Во рамките на концертот ќе бидат доделени и годишните награди на СОКОМ.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Задолжително е носење на заштитна маска.
Билетарница: 078 426 536