Традиционалната саемска манифестација “Денови на мед 2026”, која ги обединува производителите на мед од земјава, започна денеска на кумановскиот градски плоштад во Куманово, во организација на П.З. “Пчела” – Куманово, со поддршка на Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР), при Општината.

Настанот со пригодни зборови го отвори претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, пред 27 учесници, односно излагачи од градот домаќин, Скопје, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Штип, во присуство на претставници од општинската администрација, членови на Советот и бројни посетители на манифестацијата. (01-03 октомври 2026 г.).
Пред присутните се обрати и претседателот на Пчеларското здружение “Пчела”, Бобан Стошевски, посакувајќи им успех и пријатни саемски денови на сите учесници и посетители.
фото Општина Куманово


