НОБ: Валентина Бои од Италија ќе настапи во улогата на Флорија Тоска

Сподели:

Од Националната опера и балет известуваат дека за операта Тоска од Пучини, која ќе се реализира на 6.март 2026 година, поради здравствени причини, во насловната улога на Флорија Тоска наместо Злата Тошевска Димовска ќе настапи Валентина Бои од Италија.

Тоска“ е вечер кога сцената гори од страст, а секоја одлука носи судбина. Величествена музика, врвни солисти и приказна што држи во напнатост до последниот миг.

„Тоска“
Џакомо Пучини
6.3.2026, 19:30 часот

Диригент: Џанлука Мартиненги -Италија
Режисер: Огњан Драганов (Бугарија)
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Асс.Диригент: Катерина Стојковска
Асс. Режисер: Дејан Прошев, Трајко Јордановски
Концерт мајстор:  Јане Бакевски
Асс. хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Астасија Грговска
Испициенти:   Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски, Катерина Бошковска
Суфлери:   Невена Георгиева

Настапуваат:
Флорија Тоска: Валентина Бои – Италија
Каварадоси:  Миша Шешaберидзе– Грузија
Скарпија: Леон Ким -С. Јужна Кореа
Анџелоти: Игор Дурловски
Клисар: Драган Ампов
Сполета: Марјан Николовски
Шароне: Кристијан Антовски
Клучар:   Никола Чедомировски
Овчарче: Десанка Глигоријевиќ

Настапуваат хорот и оркестарот на НОБ

ТЕМА: Страст, предавство и жртва. Љубовната симфонија одекнува во сенките на Рим.

Сподели: