Дерковски: Им честитам на граѓаните за денешните избори

Сподели

 

Претседателот на Државната изборна комиисија Оливер Дерковски им честиташе и им се заблагодари на граѓаните за „изразениот демократски капацитет“.

“Сакам да им заблагодарам на сите граѓани на Република Македонија за денешните избори, за денешниот изборен ден којшто помина би рекол во исклучително комплицирана, сложена ситуација во нашата држава. Меѓутоа помина одлично, со мали исклучоци кои во текот на денот заедно со вас ги расправавме и можам само да им честитам на граѓаните за изразениот демократски капацитет којшто го покажаа во овој изборен ден” – изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски.