Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, односно затоа што управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.А.(33), Д.Т.(29), Љ.Џ.(22) и С.М.(19), сите од Скопје, Ф.Б.(32) и М.О.(36) двајцата од с.Студеничани, скопско, Ф.А.(44) од с.Петровец, скопско, М.М.(25) од с.Батинци, скопско, 24-годишната В.Ѓ. од Тетово и М.Ј.(34) од Неготино, кој бил и под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
фото МВР


