Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

Деспотовски: Со #Концепт28 нема „криење“ од јавноста, пријателите, соседите

Сподели:

 

Јован Деспотовски, кандидатот за лидер на СДСМ, во својата програма  „Концепт 28“ предвидува воведување директен избор на кандидати за градоначалник и пратеник од страна на членовите.

“Со #Концепт28 воведуваме директен избор на кандидати за градоначалник и пратеник од страна на членовите. Носителите на јавни функции така ќе станат одговорни кон членството и граѓаните, а не кон лидерот.
 
Направивме многу грешки во кадровската политика и ја добивме сметката на избори. Ги учиме лекциите од минатото, кога функционерите се отуѓуваа од луѓето што ги бираат.
 
Нема „криење“ од јавноста, пријателите, соседите. Јавната или партиска функција не смее да не менува. Човек останува човек”, напиша Деспотовски на својот официјален фб профил.
Сподели: