Алтернатива Настани Ударни вести

Детска манифестација „Снежен град“ на Попова Шапка

Сподели:

Денеска на Попова Шапка почнува детската манифестација „Снежен град“, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје.

Учесниците – градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово, кои ќе бидат сместени во хотел „Славија“- ЕЛЕМ.

На 27. февруари во 11 часот градителите заедно детскиот културен центар „Карпош“, Ружа Ѓорѓеска ќе го претстават Снежниот град, кој ќе биде отворен за посетителите. Ќе биде организирана и еднодневна посета на Снежниот град.

Сподели: