Детски ЗОО Маратон во ботаничката градина во Зоолошка градина Скопје

Сподели

По повод 9. мај, Денот на Европа, во Скопје ЗОО за првпат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција.

Маратонот е организиран во соработка со Аге нцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија,како и Град Скопје.

Во ботаничката градина  ќе се одржат четири трки: две на 150 метри (машка и женска категорија, 7-8 години) и две на 100 метри (машка и женска категорија, 5-6 години).

За сите дечиња се обезбедни подароци, а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали.

Пријајвувањето ќе започне од четврток, 25. април.

Податоците за учесникот: име и презиме и датум на раѓање се испраќаат на мејлот: zoolskaskopje@gmail.com до 5. мај, а бидејќи бројот на учесници е ограничен, дел од трката ќе бидат оние кои ќе се пријават први до пополнување на бројката во секоја категорија.