“Креативна младинска акција за животна средина”: Пријави ЕКО проблем!

Сподели

 

Дали вашата општина има проблеми со управување со отпад или депонии? Проблеми со организирањето на јавните локални простори? Постои недостаток на велосипедски патеки и алтернативна мобилност? Можеби загадениот воздух, почва или загадената општинска вода е нешто што највеќе ве загрижува?

 

 

Младински образовен форум во рамки на проектот „Креативна младинска акција за животна средина“ сака да постигне поголемо вклучување на младите, со цел да се ангажираат, солидаризираат и да учествуваат во процесите на своите заедници. Проектот има за цел поттикнување на примена на одржливи активистички практики преку креирање дијалог меѓу различните чинители и заедничко дејствување за решавање на еколошките проблеми во локалните заедници.

Вашиот проблем може да го пријавите на следниот линк.

Проблемите во животната средина се повеќеслојни, што влијае на целокупниот квалитет на живот во урбаните и руралните средини.

Мапираните еколошки проблеми од овој прашалник понатаму ќе бидат дискутирани и со локални организации, локалната самоуправа и бизнис-секторот за пронаоѓање на решение. Во рамки на проектот ќе бидат реализирани 5 локални еколошки акции за мапираните проблеми. Исто така, ќе бидат креирани и документарно-новинарски видеа за процесот на застапување за решавање на проблемите.

Проектот „Креативна младинска акција за животна средина“се спроведува со поддршка од Фондација Отворено општество Македонија.