Вести Македонија Ударни вести

Дезинфекција на улиците во старата Скопска Чаршија

Сподели:

 

За да се заштити здравјето на граѓаните Градот Скопје денеска спроведе акција за дезинфекција на Старата скопска чаршија. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршија дезинфекција на сите внатрешни улици и делови од чаршијата, со употреба на специјално комунално возило за оваа намена.

 

 

Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.

 

Сподели: