Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Спасовски: Бараме прогласување на вонредна состојба во целата држава

Сподели:

 

Владата денеска на седница донесе одлука да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија да предложи вонредна состојба.

Ова денеска го информираше на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, кој истакна дека исклучително сериозната ситуација, пред која се исправени граѓаните, поради заканите по здравјето од коронавирусот, но и врз економијата наложува вонредни мерки.

 

Oбраќање на претседателот на Владата, Оливер Спасовски

[🔴Во живо] Oбраќање на претседателот на Владата, Оливер Спасовски

Gepostet von Влада на Република Северна Македонија am Mittwoch, 18. März 2020

-“Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема дилема и затоа на денешната седница донесовме одука за воведување вонредна состојба на територијата на целата држава сега и веднаш”, рече Спасовски.

-“Ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени како кај нас, така и во целиот свет. Потребно е секој да се приспособи, истакна Спасовски, додавајќи дека само со вонредна состојба Владата ќе може непречено да делува во борба против вирусот” – изјави премиерот Спасовски.

Сподели: