Вести Став Ударни вести

ДФ: Двојните аршини на Силјановска и маргинализирање на поддршката од ВМРО ДПМНЕ

Не поминаа ни десет дена откако надпартискиот кандидат ја доби партиската поддршка, вчера вечер јавно ги слушнавме и видовме искрените размисли ставови кои се во потполна спротивност со кажаното на партиската конвенција. Она што беше премолчано на конвенцијата вчера беше јасно и гласно кажано со зборовите: ,,Можете Вие да го смените името, може да го напишете на сите институции јас тоа ќе го почитувам…. Од апсект на правото не е прифатливо, но од аспект на реалноста Преспанскиот договор е прифатлив….Јас не сум надпартиски кандидат на ВМРО ДПМНЕ туку побарав поддршка од граѓаните 10.000 потписи. ВМРО ДПМНЕ не ми ги собра потписите, туку граѓаните”.

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ пред конвенцијата јавно укажа дека со изнасиленото фаворизирање на ,,либералниот” соросов надпартиски кандидати намерно се отпочнува процеcот на обезличување на ВМРО ДПМНЕ од страна на наметнатото партиско раководство во договор со криминалните партиски структури. Со вакви ставови на кандидатот за претседател повеќе станува од јасно дека засега успешно се реализира зацртаното сценарио за згаснување и заминување во историјата на ВМРО ДПМНЕ. Јавно и гласно укажавме дека со ваков кандидат свесно настојувате да ги изгубиме претседателските избори, ја губиме препознатливоста, го убивате патриотизмот и целта е да станеме партија за поткусурување и потсмев.Со ваков кандидат ВМРО ДПМНЕ ја пропушти можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот, чесноста и достоинството.

Затоа Демократската фракција бара од наметнатото времено раководство на ДПМНЕ кампањата на кандидатката да ја финансираат граѓаните кои ја подржале, а не партијата од сопствените средства и ресурси. НА ВМРО ДПМНЕ и на Република Македонија и е потребен претседател кој нема само да укажува и кој нема да се срами и да ја маргинализира дадената вмровска поддршка, туку активно ќе дејствува за исправање на нанесената неправда поради промената на името и барање начин за поништување на неуставно и незаконски донесените акти согласно меѓународното право.

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ и се заблагодарува на кандидатката Силјановска за искрената изјава со која јавно обелодени дека нејзиното учеството на претседателските избори има само за цел да ги легализира досегашните неуставни и незаконски акти и дејствија превземени од актуелната власт. Затоа нам како на Демократска фракција ни останува бојкотот како можност и средство да не успеат овие претседателски избори со цел да се распишат нови претседателски и парламентарни избори каде ВМРО ДПМНЕ ќе настапи сложно и обединето со сериозен и достоен вмровски кандидат и чесни кандидати за пратеници кои ќе се борат за исправање на неправдите, за благосостојба и еднаквост на граќаните по сите основи и за достоинствена одбрана и заштита на националните и државите интереси – се вели во соопштението на     ВМРО ДПМНЕ-ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА

Сподели: