Џафери: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

Сподели

 

“Искрени честитки по повод денешниот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание од име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име”, упати до сите граѓани на РС Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери.

“На овој историски ден кога се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот – најголемото зло во историјата, и почетокот на неизвесното меѓутоа решително спротивставување против окупацијата, насилството, поделбите, понижувањето и дискриминацијата помеѓу луѓето, повторно се потсетуваме на таа генерација слободољупци и пожртвувани сограѓани кои не се двоумеа во ниту еден миг за тоа на која страна да и се приклучат и да го положат најскапоценото. Уверени, како што сме и ние сега во ова турбулентно време на војна во Украина, меѓутоа и на општа неизвесност во поглед на привидниот мир во светот уверени, за тоа каде да ја дадеме нашата институционална, политичка, материјална и морална поддршка како држава и како граѓани. Денес, битката се води во повеќе димензии и предизвикот е повеќекратно поголем. Покрај животната егзистенција, во прашање е и економската, енергетската и здравствената криза која надвиснала над светот како темен облак. Затоа, сплотени и единствени како граѓани и како човечки суштества, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Заедно да градиме стабилна и сигурна иднина за идните поколенија.

Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден!

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!”