Димитров: Потребна ни е насочена дипломатија и зголемено внимание

Сподели

„Балканот не е на европската периферија географски, туку на периферијата на политичкото внимание. Во моментот ни е потребна добро насочена дипломатија и зголемено внимание. Геополитиката се враќа на Балканот“, изјави министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, кој вчера и денеска учествуваше на Глобалниот форум во Варшава.

– Една од лекциите што ги научивме низ справувањето со кризата е да ги сфатиме реформите и функционирањето на институциите сериозно. Нашиот случај може да послужи како поука за нашите партнери – ЕУ и НАТО, поука што е апликативна за целиот регион: што се случува кога една земја е оставена предолго да чека зад затворени врати, без перспектива. Ние мораме да се обединиме околу европските вредности за да не ни заминат младите и најспособните во Европа – рече Димитров.

За време престојот во Варшава, Димитров се сретна министерот за надворешни работи на Полска, Витолд Вашчиковски, со претседателот на комисијата за надворешни прашања во полското собрание, Гжегош Схетина, како и со Дејмон Вилсон и со Јан Бжежински од Атлантскиот совет и со директорот на Полскиот институт за меѓународни односи, Славомир Дебски.

meta.mk