Конкурс на фотографии “Вашиот кадар од Македонија”

Сподели

 

Агенцијата за промоција на туризмот на Република Македонија, денеска објави конкурс на фотоградии на тема “Вашиот кадар од Македонија”.

Целта на овој чекор е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме да ја споделите и Вие вашата приказна, преку вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во Македонија. Креативноста споделете ја и преку вашите фотографии на најразлични теми туристички дестинации, активности во природа, гурмански мотиви и други интересни моменти, – изјавија од Агенцијата.

Конкурсот ќе биде отворен до 5. декември, а сите информации во врска со аплицирањето се достапни на линкот http://tourismmacedonia.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1369