Џафери: Јас и колегите ќе примиме вакцина која што во моментот е достапна

Сподели

 

“Денеска, во Салата Борис Трајковски, според планот за масовна имунизација на населението на Република Северна Македонија, ќе се вакцинираат пратениците и дел од службениците кои не беа опфатени со претходната вакцинација. Јас и колегите како и службениците ќе примиме вакцина која што во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава, изјави претседателот на Собранието”, Талат Џафери. 

“Собранието е во втората фаза за вакцинација односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт. Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратениците.

Упатувам апел до сите граѓани да се пријават за вакцинирање на своите матични доктори, да го почитуваат терминот за вакцинација и секој од нас да придонесе во зголемување на колективниот имунитет во нашата држава, а со тоа и надминување на пандемијата во Република Северна Македонија”, изјави Џафери од  Салата Борис Трајковски .