Вести Изјави Македонија Ударни вести

Џафери со честитка по повод големиот еврејски празник Јом Кипур

Сподели:

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до припадниците на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, по повод големиот еврејскиот празник – Јом Кипур.

“Дозволете од име на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам искрени честитки по повод големиот еврејскиот празник – Јом Кипур, со срдечни желби за добро здравје, душевен мир и спокој, семејна среќа и благосостојба, дополнети со големи индивидуални и колективни успеси на личен и професионален план.

Нека празнувањето на овој голем ден за еврејската заедница биде преплавено со благородните пораки што ги носи во себе празникот, односно пораката на помирување, взаемно почитување и разбирање, пораката на толеранција кон различните и поддршка на немоќните. Пред сѐ и над сѐ, сите сме припадници на човечкиот род, со сите свои доблести и пороци а секој нов ден, секоја нова тешкотија само уште повеќе ни укажува на потребата од сплотување, потпирање едни на други и заедничко справување со предизвиците. Еврејската заедница е значаен дел од општествениот живот во Република Северна Македонија и затоа нека празников биде повод да ја искажам мојата почит за придонесот во градењето на стабилна, напредна држава во која добриот и квалитетен живот е должност на сите. 

Драги сограѓани, Ви посакувам убав празничен ден во кругот на Вашите драги и блиски луѓе, во добро здравје, мир и благосостојба”, честиташе Талат Џафери.  

Сподели: