Алтернатива Настани Ударни вести

Вечерва почнува 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ под мотото „И покрај се“

Сподели:

 

Битола овие денови ќе гледа филм, ќе дише филм, ќе раскажува филм, ќе живее филм, ќе пее филм.

Вечерва почнува 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

 

 

„Ова издание на љубителите на филмската уметност ќе им понуди одлични десет долгометражни и десет кратки филмови, кои ги селектираа Слаѓан Пенев и Даријан Пејовски, ќе се одржат работилници со Кристијан Бергер, Џослин Пук и Грег Малканџи, но паралено со оваа програма, богатство од настани нуди и оф-програмата која почна со проектот „Наследниците на Манаки“, под менторство на Марија Џиџева, па продолжи со „Мети си со класнето“, а следуваат проектите „Живи слики“, изведба на филмска музика на Широк сокак, пантомима перформанс, изложба на колекционерски винили и ЦД-а,“ се вели во соопштението.

Во рамки на фестивалот, организаторот ќе врачи „Златна Камера 300“ за животен опус на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и специјална награда „Камера 300“ на рускиот  режисер Андреј Кончаловски.

Најновото фестивалско издание на ИФФК „Браќа Манаки“, се одржува под мотото „И покрај сѐ“.

Сподели: