Џафери со честитка по повод празникот Св.Климент Охридски

Сподели

 

По повод утрешниот празник 8 Декември – „Св. Климент Охридски, претседателот на Собранието, Џафери“ упати честитката со која од негово лично име и од име на пратениците во Собранието на РС Македонија на сите православни верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, граѓани на Република Северна Македонија, им го честита големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски.

“Овој празник е на основоположникот на црковниот живот во Република Северна Македонија и ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговиот лик и дело кој е еден од најзначајните за развојот на духовниот живот на Република Северна Македонија е запаметен и како покровител на образованието и јазикот. Со неговото празнување се оддава почит на пишаниот збор, културата и образованието кои се значајни за секој народ и треба да се негуваат и развиваат затоа што тоа е додадена вредност за самиот народ, меѓутоа и богатство за светот воопшто, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.

Почитувани граѓани, уште еднаш Ви го честитам празникот и Ви посакувам добро здравје, мир и радост за Вас и Вашите блиски и сакани.

Дозволете да го искористам празникот како повод и да искажам почит за нашите здравствени работници кои ја одбележаа оваа 2020 година и за нивното вложување во личното образование кое ја достигна најблагородната цел – несебично спасување на човечки животи ризикувајќи го при тоа и сопственото здравје”, додаде Џафери.

denesmagazin.mk