Јанша одбива да го коментира „нон-пејперот“ за Западен Балкан

Сподели

 

„До ново известување, Кабинетот на премиерот на Република Словенија нема да коментира на темата за таканаречениот нон-пејпер документ за Западен Балкан“. Вака е одговорено барањето за интервју кое Радио Слободна Европа го испрати до словенечкиот премиер Јанез Јанша, во врска со наводниот документ што тој го проследи до Европскиот совет.

Во четвртокот словенечкиот портал „Нецензурирано“ објави наводна копија на контроверзниот документ. Според објавената содржина, се зборува за прецртување на границата меѓу Србија и Косово, а предвидена е и можност за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, припојување на делови од Црна Гора и Северна Македонија со албанското мнозинство кон Албанија и припојување на делови од БиХ, односно Херцеговина, кон Хрватска.

РСЕ