ЏАСТИН ТРУДО: Канада со “добредојде” за бегалците

Сподели

 

Канадскиот премиер Џастин Трудо објави на Твитер дека Канаѓаните ќе им „посакаат добредојде“ на оние кои бегаат од прогон, терор и војна, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе четиримесечна забрана за влез на бегалците од неколку муслимански земји во САД.

– “За оние кои бегаат од прогон, терор и војна, Канаѓаните ќе посакаат добредојде, без оглед на која вера и припаѓаат. Различноста е нашата сила”, напиша Трудо на Твитер.