Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека е објавен Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година, во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор.
Објавувањето на каталогот претставува значаен дел од системот на институционален интегритет, имајќи предвид дека пријавувањето на подароци е еден од клучните механизми за превенција од судир на интереси и за зајакнување на етичкото постапување на носителите на јавни функции.
Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење.
Државната комисија укажува дека навременото и целосно пријавување на подароци од страна на службените лица е важен показател за нивниот интегритет и одговорност, како и за доследна примена на законската рамка.
Каталогот е јавно достапен на следниот линк


