Резултатите од изборите доставени до претседателот на Парламентот, Никос Вуцис

Сподели

 

Службениот министер за внатрешни работи на Грција, Андонис Рупакиотис ги достави резултатите од изборите, до претседателот на Парламентот, Никос Вуцис.

 

 

-Врз основа на овој резултат со пребројани 99,86 отсто од гласовите, цврсти и апсолутни се: прво, распоредот на силите на партиите. Второ, пратеничките места што ги добива секоја партија, што значи дека ништо не се менува. Единствено останува дека се уште се пребројуваат гласовите за кандидатите за пратеници и таму се менува редоследот. Ова ќе заврши утрово или во текот на денот, му објасни Рупакиотис на Вуцис.

Следен чекор е претседателот на Парламентот да го извести Претседателот на Грција за резултатите од изборите, по што Павлопулос ќе му го даде мандатот на лидерот на Нова демократија да формира влада.

Кирјакос Мицотакис, во 13 часот по локално време ќе положи свечена заклетва во претседателската палата.