Добитници на наградата „Роднокраен автор за 2024 година“

Сподели:

По разгледување на пристигнатите кандидатури, тричлената комисија на НУ Универзитетска библиотека Св.Климент Охридски едногласно одлучи оваа година да додели награди во четири категории:

Во категорија „Награда за животно дело на роднокраен автор од Битола“, добитник е Петре Димовски.

Во категорија „Роднокраен автор за 2024 година – поезија“, добитник е Зоран Пејковски.

Во категорија „Роднокраен автор за 2024 година – проза“, добитник е Елизабета Јончиќ.

Оваа година комисијата воведува и нова категорија „Роднокраен автор за 2024 – Перото на библиотекарството“, а добитник е Илче Стојановски.

Наградите ќе бидат свечено доделени на 18 март 2025 година, во 12:00 часот, по повод 80-годишниот јубилеј на библиотеката. На сите добитници им упатуваме искрени честитки за признанијата, со желби за понатамошна успешна и плодна работа. Исто така, им се заблагодаруваме на сите кандидати кои учествуваа со свои пријави, со надеж за повторна средба во идните изданија на оваа награда.

Сподели: