„Добри луѓе“ во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп

Сподели:

Гостување на „Добри луѓе“ / 𝗚𝗼𝗼𝗱 𝗣𝗲𝗼𝗽𝗹𝗲 во НТ „Војдан Чернодрински“ Прилеп на 5. декември, 20ч. на сцена 105 во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп

„Добри луѓе“ според Данкан Мекмилан
Адаптација и режија: Тамара Стојаноска
Преведувач: Наташа Пеевска
Музика: Ива Дамјановски
Дизајнер на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Извршен продуцент: Бобан Алексоски
Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје
Фотографија на евент: Тамара Малкоска

Играат: Тијана Трајчевска и Филип Христовски

„Добри луѓе“ е дуодрама работена според Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од 𝘛𝘩𝘦 𝘙𝘦𝘭𝘢𝘵𝘪𝘰𝘯 𝘞𝘰𝘳𝘬 𝘗𝘳𝘰𝘫𝘦𝘤𝘵 (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај. Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните парови во денешно време и поставува едно навидум апсурдно, но легитимно еколошко и етичко прашање. Дали е оправдано да се има деца во загаден свет во кој секое суштество создава огромни количества јаглерод диоксид, но и во свет каде што тој нов живот треба да се соочи со некои сериозни егзистенцијални проблеми со можни трагични исходи: еколошки катастрофи, пандемии и огромни економски и социјални колапси?

„Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме како поединци и како општество. Се поставува и прашањето дали сме добри луѓе и дали воопшто можеме да бидеме добри луѓе во ваков анксиозен и пластичен свет исполнет со глобална вознемиреност, лоши навики, тероризам, непостојани временски услови и политички немири. Ликовите живеат со анксиозност, паника и притисок од надворешната околина, но тешко и бавно носат промени во своите лични постапки и се губат во системот. Грижата за околината е како маска за нивната вознемиреност и опседнатост со прашањето дали се добри луѓе. Тоа што ликовите постојано се грижат и паничат, само по себе е еден вид заменски активизам; нивната пасивна грижа станува доказ за нивната добрина и ја негира потребата за реално дејствување.

“𝘠𝘰𝘶 𝘤𝘢𝘯𝘯𝘰𝘵 𝘨𝘦𝘵 𝘵𝘩𝘳𝘰𝘶𝘨𝘩 𝘢 𝘴𝘪𝘯𝘨𝘭𝘦 𝘥𝘢𝘺 𝘸𝘪𝘵𝘩𝘰𝘶𝘵 𝘩𝘢𝘷𝘪𝘯𝘨 𝘢𝘯 𝘪𝘮𝘱𝘢𝘤𝘵 𝘰𝘯 𝘵𝘩𝘦 𝘸𝘰𝘳𝘭𝘥 𝘢𝘳𝘰𝘶𝘯𝘥 𝘺𝘰𝘶. 𝘞𝘩𝘢𝘵 𝘺𝘰𝘶 𝘥𝘰 𝘮𝘢𝘬𝘦𝘴 𝘢 𝘥𝘪𝘧𝘧𝘦𝘳𝘦𝘯𝘤𝘦, 𝘢𝘯𝘥 𝘺𝘰𝘶 𝘩𝘢𝘷𝘦 𝘵𝘰 𝘥𝘦𝘤𝘪𝘥𝘦 𝘸𝘩𝘢𝘵 𝘬𝘪𝘯𝘥 𝘰𝘧 𝘥𝘪𝘧𝘧𝘦𝘳𝘦𝘯𝘤𝘦 𝘺𝘰𝘶 𝘸𝘢𝘯𝘵 𝘵𝘰 𝘮𝘢𝘬𝘦.”
– 𝘋𝘳. 𝘑𝘢𝘯𝘦 𝘎𝘰𝘰𝘥𝘢𝘭𝘭.

СЦЕНА 105 службен влез НУЦК ,,Марко Цепенков“
Резервирање билети: 076/442-378

Сподели: