Вести Македонија Ударни вести

Дочек на ракометарите и прослава на Плоштад “МАКЕДОНИЈА”

Сподели:

 

ШАМПИОНИТЕ слетуваат на аеродромот во Скопје во 18,50 часот.

Јавното сообраќајно претпријатие, ЈСП Скопје, денеска ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром во Скопје. Сите заинтересирани граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат европските шампиони на скопскиот аеродром, поаѓањето на автобусите на ЈСП кон аеродромот е планирано од 17 часот од пред Југодрво. Превозот ќе биде бесплатен.

Ракометарите во Скопје треба да слетаат во 18.50 часот со чартер лет обезбеден од Град Скопје. На плоштадот во 19.30 часот ќе почне прославата со организиран дочек.

Сите заедно на плоштадот да ја прославиме заедно титулата.

Сподели: