Доделување државна награда Св. Климент Охридски за 2018 година

Сподели

 

На 8. декември 2018 година, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2018 година, за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, им се доделува на: Кимет Агаи и Аднан Агаи, просветни работници; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: Владимир Милчин, режисер, Емилија Стаменковиќ (Џипунова), балетски уметник и Томислав Османли, писател, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува на проф. д-р Борислав Каранфилски, патофизиолог, специјалист по нуклеарна медицина.