Договор за бесплатна хоспитализација на македонски граѓани во Србија и Албанија

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев денеска на потпишувањето на на меморандум за соработка со шефовите на владите на Србија и Албанија, Ана Брнабиќ и Еди Рама изјави дека е постигнат договор во кој ќе се овозможи државјани на трети земји да бидат примани во локални болници. Тоа значи дека македонските граѓани доколку бидат хоспитализирани во овие две соседни земји, лекувањето ќе го подмири државата во која се наоѓаат.

– Македонски граѓанин ако треба да се лекува во една од овие две соседни земји во која е хоспитализиран,таа земја ги превзема трошоците. Доколку наш граѓанин треба да се лекува во Албанија или Србија, нема да треба да плаќа од својот џеб. Исто и граѓаните од Србија и Албанија нема да плаќаат од свој џеб доколку се затекнат со лекување на нашата територија, рече Заев.