Дојдете маскирани на првоаприлскиот маскенбал во Скопје ЗОО

Сподели

 

По повод Светскиот ден на шегата, во сабота на први април, со почеток од 12:30 часот, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи Првоаприлски маскенбал.

 

На бината за настани во Скопје ЗОО, ќе настапат талентирани млади музичари, а посетителите ќе имаат можност да се дружат и со слончето Халки.

 

За сите оние кои ќе дојдат маскирани, планирано е дефиле на маски со многу музика, забава и дружба.

Се гледаме во сабота во Скопје ЗОО!