Вести Македонија Ударни вести

Домаќинствата ќе блеснат во нов сјај со поддршка на ЕУ, Австрија, билатералните донатори и ЕБОР

Сподели:

 

Заедничката програма за енергетска ефикасност на Западниот Балкан продолжува со поддршка од 135 милиони евра инвестиции во станбениот сектор 

 

  • Домаќинствата во Западен Балкан инвестираа над 45 милиони евра во технологии за заштеда на енергија
  • Емисиите на CO2 се намалени за повеќе од 12.000 тони годишно
  • Регионалната програма за Западен Балкан GEFF продолжува со финансирање од 135 милиони евра

За помалку од четири години, повеќе од 9,000 домаќинства во Западен Балкан инвестираа над 45 милиони евра во технологии за заштеда на енергија како што се изолација, топлински пумпи, нови прозори или соларни панели, благодарение на регионалната Програма за финансирање на зелената економија (GEFF).

Овие подобрувања доведоа до намалување на емисиите на CO2 за повеќе од 12,000 тони годишно, еквивалентно на отстранување 7,700 автомобили од патиштата.

Програмата ГЕФФ (GEFF) на Западниот Балкан беше основана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршката на донаторите и обезбедува специјализирани кредитни линии за поединци заедно со поддршката  финансирана  од Европската Унија (ЕУ), за инвестиции во енергетска ефикасност. Програмата е кофинансирана од ЕУ, Австриското сојузно Министерство за финансии и билатерални донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Таа е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) за Западниот Балкан,  имплементирана во партнерство со Секретаријатот на енергетската заедница.

Следејќи го успешното регионално воведување на програмата, проширена и за Црна Гора од март 2021 година, како и растечкиот интерес за финансирање на енергетска ефикасност, износот на ГЕФФ Програмата  беше зголемен од 85 милиони евра на 135 милиони евра, со планови програмата дополнително да се прошири во 2022 година. Финансирањето ќе биде насочено низ локалните финансиски институции и ќе овозможи, повеќе домаќинства во регионот да ја подобрат енергетската ефикасност на нивните домови.

Александра Вукосављевиќ, Директор на одделот  Финансиски институции, Западен Балкан и Источна Европа, во ЕБОР изјави: „Исполнети сме со ентузијазам што нашата поддршка им помогна на толку многу домаќинства во Западниот Балкан да инвестираат во подобрувања за заштеда на енергија, доведувајќи до помали штетни емисии во воздухот  и намалување на трошоците за електрична енергија. Борбата против загадувањето на воздухот и намалувањето на енергетскиот интензитет се врвни приоритети во регионот и  ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка преку оваа програма, како еден од нашите клучни столбови во станбениот сектор“.

Домаќинствата заинтересирани за инвестирање во енергетска ефикасност може да аплицираат за специјализираните кредити кај локалните партнерски финансиски институции. По успешното завршување на инвестицијата, ќе добијат и  финансиски грант во вредност до 20 проценти од износот на заемот,  финансиран од ЕУ. Досега, ЕУ има доделено  27 милиони евра во ГЕФФ програмата, поддржувајќи ги  домаќинствата кои инвестирале во енергетски ефикасни технологии на Западен Балкан, правејќи ги инвестиции поисплатливи.

Ричард Маса, Раководител на сектор, Инвестициска рамка за Западен Балкан, Европска Комисија, изјави: „Европската Комисија е подготвена да ја поддржи имплементацијата на Зелената агенда за Западен Балкан. Во рамките на финансирањето ИПА 3,  доделува 500 милиони евра за оваа намена. Со тоа ќе се олесни имплементацијата на Зелената агенда, ќе се позеленат минатите и идните инвестиции низ сите сектори,  и ќе се направи приоретизирање на инвестициите во технологии кои може да ја забрзаат зелената транзиција“.

Леандер Трепел, Директор во Бордот на ЕБОР за Австрија, изјави: „Австрија ја поддржува ГЕФФ Програмата на Западен Балкан за промовирање на  инвестиции во домаќинствата во сферата на  енергетската  ефикасност и  им овозможува на поединци, и на посиромашните домаќинства, да ги согледаат и да ги искористат  придобивките од ваквите инвестиции, придонесувајќи  за одржливи, еколошки подобрувања и справувајќи се со  климатските промени“.

Програмата обезбеди можности за соработка со повеќе од 4.000 производители и продавачи на високоефикасни зелени технологии на Западен Балкан. Продавачите се прикажани во Селектор на технологија, онлајн каталог на претходно одобрена енергетски ефикасна опрема која може да се набави на шесте пазари на Западен Балкан. Каталогот е достапен на веб-страниците на ГЕФФ (АлбанијаБосна и ХерцеговинаКосовоЦрна ГораСеверна МакедонијаСрбија) и вклучува ставки како топлинска изолација, прозорци со двојно стакло, високо-ефикасни бојлери, топлински пумпи, сончеви колектори или соларни грејачи за вода и фото-волтаични системи. Селекторот на технологија овозможува лесно пребарување на технологии и услуги и ги прикажува релевантните  продавачите.

За да се прослават постигнувањата на ГЕФФ  организиравме онлајн настан, каде беа доделени  награди за  партнерските финансиски институции и продавачите. Настанот имаше и  панел дискусија за понатамошното озеленување на економиите на регионот во склад со Зелената агенда на ЕУ и Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

Виолета Когалничеану, Раководител на одделот за инфраструктура и енергетска ефикасност, Секретаријат на енергетската заедница, изјави: „Успехот на ГЕФФ  на Западен Балкан е доказ дека инвестициите на  домаќинствата во енергетска ефикасност, самите се исплаќаат преку заштедите што ги постигнуваат. Исто така прикажа дека добра програма, која мудро го комбинира дијалогот за регулативи, техничка помош, достапноста на ЕБОР да позајмува на партнерски финансиски институции, и ЕУ грантовите  во форма на поддршка, може да направат значително влијание на пазарот“.

Како признание за  заедничките напори на донаторите на ГЕФФ, партнерските финансиски институции, производителите и продавачите на зелени технологии, ЕБОР донираше 1.000 дрвја, кои ќе бидат засадени во регионот оваа есен. Зелената  награда се доделува  во чест на 18-те партнерски финансиски институции, кои се придружија во првата фаза на програмата и на 32 –те најактивни и најпосветени продавачи.

Сподели: