Алтернатива Настани

ДПМ го распиша конкурсот за годишните награди за литература

Сподели:

dpm

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2016 година. Ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на декември, а наградите ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченоста по повод  70-годишниот јубилеј од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Наградите ќе ги доделат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, критичари и есеисти, членови на ДПМ.

Сподели: