Државна награда “Мето Јовановски” 2021 за Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски

Сподели

 

 

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ на седницата одржана на 25.11.2021 година донесе одлука за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ за 2021 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа  на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, соопштија од Министерството за култура.    

За остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, наградата им се доделува на Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.

Наградата им е врачена денеска во Собранието, кога се одбележува и Меѓународниот ден на човековите права.

Лазаревски и Костовски се вработените во Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) кои го открија скандалот со масовното прислушување.