Алтернатива Настани

Државниот архив ќе се претстави со 60 наслови на Саем на книгата

Сподели:

 

Државниот архив ќе учествува на Саемот на книгата, кој ќе се одржи на отворениот простор кај СЦ „Борис Трајковски“, од 8 до 14 септември 2020 година.

На овој Саем, Државниот архив ќе се претстави со шеесет наслови, меѓу кои се изданија за познати историски личности, повеќе едиции на зборници од архивски документи за историјата на нашата држава, кои се плод на истражувачката работа во архивите во странство, повеќе монографии што исцрпно обработуваат одредени настани и прашања од историјата, како и оригинални трудови од истакнати историски личности.

Државниот архив редовно ја презентира својата богата издавачка дејност на саемите на книгата во државата, но и на поголемите саеми на книга кои се организираат во странство. Саемите на книгата се еден од начините за популаризирање на нашата историја, но и за презентирање на резултатите од архивското работење.

Сите изданија на Државниот архив, како и вообичаено, во време на Саемот се продаваат со цени намалени за 30 отсто.

Покровител на Саемот на книгата е Министерството за култура, а организатор на Саемот е Global Media Group.

Работното време на Саемот за посетителите е од 10:00-20:00 часот, а на 14 септември (последниот ден) Саемот ќе биде отворен за посетители до 16:00 часот.

За време на Саемот во целост ќе се почитуваат и применуваат сите мерки и препораки за начинот и условите на одржување на јавни настани во услови на пандемија.

Сподели: